Солун, град на духови

solun grad na duhoviКино Култура – Театар на Навигаторот Цветко
Солун, град на духови

Датум на изведба: 01.11.2016 и 08.11.2016
Место: Кино Култура
Почеток: 20:00 часот
Цена на карта: 250 ден.

Претставата е во режија на Слободан Унковски. Текстот е на Русомир Богдановски, инспириран од истоимената книга на Марк Мазовер. Во претставата играат Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева, Стефан Вујисиќ, Мартин Манев, Горан Ников, Владимир Петровиќ. Музиката е авторско дело на Златко Ориѓански. Претставата е направена со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и на Музејот на холокаустот на евреите од Македонија.

Хрониката „СОЛУН,ГРАД НА ДУХОВИ“, христијани, муслимани и евреи 1430 –1950 од светски познатиот историчар и професор, Марк Мазовер, е објективна хроника на животот и случувањата во текот на пет века, во најзначајниот град на Македонија.  Опфаќа период од турското освојување на Солун во 1430 година, па се до депортацијата и холокаустот на 45.000 солунски евреи во логорот Аушвиц. Русомир Богдановски инспириран од оваа историска хроника развива документарно играна драма возбудлива по настаните, судбините на луѓето и течењето на времето.