Slash

М.Е. Music со задоволство ви го најавува најголемиот рок концерт во Бугарија и отворањето на концертната сезона за 2013-та година, со најхаризматичниот гитарист на сите времиња, лицето на легендарните Guns 'n' Roses, Slash.

najgolemiot gitarist na site vreminjaSlash ќе се претстави во Бугарија со својот нов соло проект кој претставува тандем со пејачот Мајлс Кенеди. Во Мај наредната година, SLASH feat. Miles Kennedy & The Conspirators, ќе го издадат и својот втор студиски албум "Apocalyptic Love", кој е и поводот за оваа турнеја. Бандата ќе пристигне во Софија во следниот состав: Slash - гитара, Мајлс Кенедеи - вокал, Брент Фиц - тапани, Тод Крнс - бас и ќе се претстават со репертоар на хитови на Guns 'n' Roses, Velvet revolver и Slash's Snakepit.
Slash е несомнено еден од најдобрите гитаристи на сите времиња, виртуозен музичар, брилијантен композитор и неповторлив боем по душа, чија улога во историјата на музиката е голема. Во својата 30 годишна кариера, учествувајќи во бендови како Guns 'n' Roses, Velvet revolver и Slash's Snakepit, Slash остава огнена трага во музичката историја.

Билетите за најавениот концерт можете да ги купите во музичката продавница Пола Југотон, ГТЦ 1кат и онлајн преку Купи Карти За Се, по цена од 2900 денари. Организираниот превоз изнесува 1550 денари.