SIMPLY RED
Ве информираме дека еден од најдобрите светски мејнстрим бендови на сите времиња Simply Red ќе одржи концерт во Белград.
Simply Red ќе настапат во рамките на светската турнеја, во која го промовираат својот најнов албум насловен „The Big Love“, а за време на двочасовниот настап во Белград ќе изведат Best Of програмa, со легендарните хитови: „Something got me started“, „Sunrise“, „Holding back the years“, „If you don`t know me by now“, „It`s only love“...
За настанот да биде уште поголем ќе се подгрижат специјалните гости Натали Диздар која ќе ги отвори вечерите и потоа извонредната загрепска група „Џинкс“.
Интресно е што Simply Red ќе одржат концерт во Белград на комплетно реновираниот стадион Ташмајдан.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре преку глобалната мрежа на Евентим. Авалон продукција ветува дека за сите фанови на Simply Red од Македонија кои што ќе сакаат да одат на на концертот во Белград, ќе обедзбеди доволен контингент на карти.
Влезниците во продажба за Македонија ќе бидат пуштени преку продажната мрежа на Купи карти за се (освен на продажните места Макпетрол и Киносенс 7Д) и онлајн на www.kupikartizase.com, по следниве цени
Партер - 1490 денари
Фан Пит - 1990 денари
Трибини - 1990 денари
Превоз - 2100 денари
Како што најавивме претходно, првиот хедлајнер на Belgrade Calling ќе биде британската соул ѕвезда John Newman.
ВАЖНО!!!
*посетителите кои ќе купат превоз карта задолжително да ги испратат своите име и презиме, број на пасош и контакт телефон на contact@kupikartizase.com
*Автобуски превоз (Скопје-Белград-Скопје)
*Задолжилетното патничко осигурување можете да го купите на продажните места на ККЗС кои поседуваат лиценца за туристичка дејност
Програма на патувањето:
*Состанок на групата на 23.06.2016 во 06:45 часот на паркингот Дрводекор.
*Тргнување кон Белград во 07:00 часот
*По завршувањето на концертот состанок на групата на договорено место и тргнување кон Скопје
Превоз картите се продаваат преку продажните места на Купи Карти За Се кои поседуваат лиценца за вршење на туристичка дејност и тоа: Скопје: 1/2 Jуготон, Гтц 1 кат, ТА Савана Центар, ТА Атлантис (Т.Ц. Бисер, Влае, Центар), Art Of travel, Asiba (спроти City Mall); Прилеп: ТА Атлантис; Битола: ТА Атлантис, Глобус Травел Сервис, Тео Травел ТА; Охрид: ТА Вис Пој, ТА Атлантис; Велес: ТА Мартин Травел; Куманово: ТА Јоцо Турс; Кичево: ТА Атлантис; Струмица: ТА Aтлантис; Штип: ТА Атлантис, Еуротурс, Виктори Травел; Струга: Турис Биро Полет; Тетово: ТА Атлантис, Патник-Вокер; Радовиш: ТА Атлантис; Кавадарци: ТА Атлантис; Крива Паланка: ТА Атлантис; Гевгелија: Дори Травел;