Showtime - Прва конференција за евент индустријата

Прва конференција за евент индустријата кај нас

Showtime – 17ти Јуни 2016, City Hall Center
www.show-time.mk

showtimeShowtime е првата конференција за евент индустријата кај нас која ќе се случи на 17ти Јуни годинава.

Showtime е целодневен настан дизајниран да привлече професионалци од евент индустријата со различни позадини, а ќе ги соедини маркетинг и евент професионалците и ентузијастите и ќе им овозможи платформа за споделување на искуства, идеи, перспективи и мислења за трендовите и развојот во евент индустријата.

На Showtime ќе зборуваат еминентни професионалци од евент индустријата, па навистина ќе има што да се слушне. Повеќе околку говорниците можете да погледнете и овде.

Конференцијата е наменета за сите кои се вклучени во испорака на фантастични искуства низ внимателно креирани настани, а планирана во одговор на растечките трендови и внимание кон настаните – корпоративни и приватни, изложби, саеми, концерти, конференции и тренинзи и разни БТЛ активности од страна на маркетинг професионалците но и од помали агенции за организација на настани како и фриленс организатори на настани во регионот.

Ако сте:
• Маркетинг или евент професионалец од фул сервис маркетинг агенција;
• Планер или организатор на настани;
• Ин-хаус корпоративен организатор на настани;
• А/В подизведувач кој сака да се прошири кон развој и планирање на настани;
• Понудувач на услуги во евент индустријата (фотографија и видео, дизајн, логистика, обезбедување итн.)
• Во тренинг или евент ентузијаст;
• Заинтересирани за развој, планирање и продукција на настани и сакате да се сретнете со релевантни лица од евент индустријата,

Влезниците за претстојната Showtime конференција можете да ги најдете преку продажната мрежа на Купи Карти За Се и онлајн на www.kupikartizase.com, по следниве категории:

ceni
Важно!!
По купувањето на билетите задолжително испратете ги вашите име и презиме и контакт телефон на contact@kupikartizase.com

Се гледаме на Showtime! Повеќе за настанот погледнете и на www.show-time.mk.