Сезонски билети за натпреварите на РК Металург
Поради голем интерес од нашите фанови и спортската јавност воопшто, за набавка на блок влезници за натпреварите од групната фаза од Лига на шампионите, по одигрување на натпреварот против ПСЖ во Скопје, Ракометниот клуб Металург Ве информира дека од вторник (1.9.2013 година) ќе го пушти во продажба и блокот Б5 по цена oд 1000 денари, блок влезница. Блок влезниците ќе можат да се набават во продажните места на „КупиКартиЗаСе“ во Скопје и низ цела Македонија и секако онлајн на www.kupikartizase.com.
Спортски поздрав!