Сезонски билети за натпреварите на РК Металург
РК Металург и Купи Карти За Се Ве информираат дека на ден 25.9.2013 година (вторник) со почеток во 13 часот ќе започне замената на блок ваучерите за блок картички, за натпреварите на РК Металург од групната фаза од Лигата на шампионите во ракометната сезона 2013/14.
Замената на купените ваучери од било кое продажно место за сезонска блок картичка ќе се одвива исклучиво во музичката продавница ПОЛА ЈУГОТОН, ГТЦ 1 кат.
Оние кои нема да успеат да добијат блок картичка до 28.09.2013, истата ќе можат да ја подигнат на билетарата на спортскиот центар Борис Трајковски, на 28.09.2013 од 16 до 18:30 часот.