Флораледа Саки и Џузепе Нова

koncert za harfa i flejtaФлораледа Саки - харфа (Италија)
Џузепе Нова - флејта (Италија)

Програма: Рота, Маркаданте, Плацола, Гарела, Албенис, Борн/Бизе

03 Август 2012, Св. Софија, почеток 21 часот

Опишана од страна на музичките критичари како уметник со исклучителна музикалност и талент, Флораледа Саки е една од неколкуте харфистки во светот што настапувале во концертни сали на 4 континенти. Денес, таа се смета за една од највпечатливите и најоригиналните харфистки на светските концертни подиуми.

Џузепе Нова е реномиран флејтист, чии изведби од страна на критичарите биле оценети како шармантни... со исклучително чувство за музика, со магија и виртуозност, музичка уметност во целата своја перфекција, едноставно боженствени...
Нова свири на златна флејта од 19,5 карати, специјално изработена за него.

Цената на билетите изнесува 300 денари.