Roy Ayers

Кој би рекол дека Џез фм би стигнал до 20-ти роденден?
Ни самиот основач немаше толку амбициозен план.
Ова радио кое некако се протна низ сито и решето, под радарот на општата јавност оддамна ја постигна својата цел.
А целта јасна како ден: Да се образува секое лице со бар малку авантуристички дух, со широката и длабока Афро-Американска музичка традиција која ја нарекуваме џез. Корен на се што значи нешто, во популарната музика на 20-тиот век. Што носи следната година секако не знаеме, но сигурно е дека ќе го прославиме 20-тиот роденден на голем начин со легендата на вибрафонот Рој Ајерс во Македонската Филхармонија на 29-ти Октомври. Почеток 20 часот.

 

Ноќ на топли сеќавања и свежа музика.
Да се надеваме дека инаетот ќе опстои!

Билети во предпродажба по цена од 800 денари. На врата билетите ќе чинат 1000 денари.