РОМАЛЕН
Во организација на музичката куќа и продукција "СИЛ-ВЛА", во Дом на Арм-Скопје на 27.12.2019 год. од 20ч ќе се одржи голем, спектакуларен концерт Мјузикл „РОМАЛЕН '' на Силви Бенд.
Овој перформанс влегува во вековните проекти со рустичноста, древноста и оригиналноста.
Концертот ќе биде вистинско доживување за сите сладокусци на убавата музика, исполнет со богати кореографии, прекрасни народни и традиционални носии, исполнет со прекрасна музика и тоа најубавите ромски романси од целиот свет, богат оркестар, 15етина луѓе на сцена еден убав мјузикл, се надеваме дека ќе сакате да бидете дел од ова музичко уметничко доживување.
Билетите можете да ги набавите по цена од 350 и 500 (од 1ви до 8ми ред) денари преку Купи карти за се.
Ве очекуваме заедно да ја доживееме оваа прекрасна приказна од животот на ромите.
Не пропуштајте!