Rockwave Festival
Placebo & Evanescence at Rockwave Festival
01/02-07.2017 TerraVibe Park, Атина, Грција
Пакет аранжмани (влезница + превоз) во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се
Пакет аранжман со влезница за една вечер - 8200 денари
** доплата за пакет аранжман со влезница за двете вечери од 1700 денари во агенцијата во која што го купувате пакет аранжманот
Програма
• Прв ден, петок, 30.06.2017
Поаѓање од Штип и од Скопје (22 часот). Ноќно возење преку граничниот премин Богородица кон Атина со повремени паузи по мотелите
• Втор ден, сабота 01.07.2017
Пристигнување во Атина во утринските часови. Слободна прошетка по Центарот (Омонија, Синтагма, Плака,...) одмор од патот. Сместување во хотелот во 12 часот (хотел Космос во центар на Атина) и слободно време за одмор до 18 часот. Собирање на групата и заминување на првата фестивалска вечер во TerraVibe Park на 20-тина км северно од Центарот на Атина (PLACEBO како главен настапувач).
Враќање во хотелот околу 2 часот по полноќ. Ноќевање
• Трет ден, недела 02.07.2017
Појадок и напуштање на хотелот околу 10 часот. Слободен ден во централното подрачје на Атина, разглед на знаменитостите и слободно време со можност за посета на некој од бројните шопинг-зони. Собирање на групата во 17 часот и заминување кон TerraVibe Park на втората фестивалска вечер (Evanescence како главен настапувач)
Еден час по завршувањето на Evanescence, собирање на групата кај автобусот и заминување кон дома.
Ноќно возење преку граничниот премин Богородица-Гевгелија со повремени паузи по мотелите.
• Четврти ден, понеделник 03.07.2017
Пристигнување во Скопје и Штип во околу пладне
Аранжманот опфаќа:
*автобуски превоз Скопје - Атина - Скопје
*влезница за концертот (за една вечер, за двете вечери се доплаќа 1700 денари)
*ноќевање со појадок во хотел ***
*организација на патувањето
Аранжманот не опфаќа:
* меѓународното патничко осигурување (може да го уплатите во туристичката агенција од каде што го купувате аранжманот)
- За реализирање на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
При купување на пакет арнжманот задолжително испратете ги вашите име и презиме, број на пасош и контакт телефон на contact@kupikartizase.com
Сите превземања кои се без дозвола на Купи Карти За Се, ќе се сметаат за нелегални и
ќе бидат предмет на соодветна легална процедура!