Блок-влезница за натпреварите против Нексе и Партизан
Продолжуваат натпреварите во регионалната Сеха Гаспром лига на домашен терен.
Во сабота, 05 октомври, доаѓа хрватскиот вицешампион Nexe.
Натпреварот ќе се одигра во СЦ "Борис Трајковски", во Скопје, со почеток во 17:45 часот.
Ова е одлична можност за сите фанови на РК Металург, уште еднаш во живо да ги проследат мајсториите на Мојсовски, Вугринец, Станич, Атман, Манасков....
Само неколку дена по мечот со Nexe, на 09 Октомври, на РК Металург му гостува членот на најголемото спортско семејство на Балканот, ракометниот клуб Партизан од Белград. Екипа со голема историја во ракометот и спортот воопшто.
Блок влезницата за двата натпревари чини 100 денари и истата можете да ја купите преку продажната мрежа на Купи Карти За Се и онлајн на www.kupikartizase.com
Напомена!!!
Купените билети не ги поништувајте после првиот натпревар на 05.10, бидејќи истите ќе важат и за натпреварот помеѓу Металург - Партизан, на 09.10