РК Металург - Силкеборг

liga na shampioni

Почитувани,

Купи Карти За Се со гордост ви го објавува новиот склучен договор со РК "Металург" и ви го најавува првиот заеднички настан, натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу РК Металург - Силкеборг, кој ќе се одржи на 24.02.2013, во арената Борис Трајковски.
Почетокот на натпреварот е означен во 17:00 часот, а вратите на влезот ќе бидат отворени се до 16:45 часот.

Билетите за натпреварот од 10-то коло од Лигата на Шампионите, кој Металург го игра на домашен терен со претставникот од Данска, Силкеборг Бјерингбро, ќе бидат пуштени во продажба на 16.02.2013 година (сабота), во 12 часот. Истите можете да ги купите преку продажната мрежа на Купи Карти За Се и онлајн на нашата веб страна, a директен линк ќе биде поставен и на новодизајнирана веб страница на РК "Металург" www.rkmetalurg.mk.
Билетарата во спортската сала Борис Трајковски ќе работи во сабота, 23.02 со работно време од 12 до 20 часот и на денот на натпреварот, останатите продажни места работат по своето регуларно работно време.

Цените на билетите изнесуваат:

mapa na salata
за блоковите: Б7, Б8 и Б9 - 100 ден.
за блоковите: Б2, Б3, Б4, Б5, Б6, Б10, Б11, Б12, Б14 ИБ15 - 150 ден.
за блоковите: М7, М8, М9 и М16 - 150 ден.
за блоковите: М1, М4, М12 и М15 - 200 ден.
за блоковите: М2, М3, М13 и М14 - 200 ден.

 

На РК Металург им благодариме на довербата и убавите зборови и наздравуваме за уште една долга и успешна соработка.

Со почит,

Купи Карти За Се