РК Металург - Пик Сегед
Ракометниот клуб Металург Ве информира дека влезниците за бараж дуелот со унгарскиот Пик Сегед ќе бидат пуштени во продажба на ден 21.08.2013 година (среда) со почеток во 17.00 часот, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.
Влезниците за натпреварот ќе бидат со следните цени:
-блокови Б7, Б8 и Б9 по цена од 100 денари,
-блокови Б2, Б3, Б4, Б5, Б6, Б10, Б11, Б12, Б14 и Б15 по цена од 150 денари,
-блокови М7, М8 и М9 по цена од 150 денари и
-блокови М1, М2, М3, М4, М12 и М15 по цена од 200 денари.
Натпреварот против Пик Сегед ќе се одигра на ден 28.08.2013 година (среда) со почеток во 19.00 часот, во СЦ Борис Трајковски – Скопје.
Испечатените ваучери ќе можете да ги замените со реални карти со приложување на ваучерот во официјалното продажно место на Купи Карти За Се, КупиКарти.Ком, во City Mall, секој работен ден од 14 до 22 часот или на денот на настанот (28.08, среда) на билетарата на арената Борис Трајковски почнувајќи од 17:30 најдоцна до 19:00 часот