РК Металург - Динамо Минск
Ракометниот клуб Металург ја информира македонската јавност дека на ден 11.03.2013 година, понеделник, во 17 часот, почнува продажбата на влезниците за натпреварот Металург – Динамо Минск. Во истиот термин ќе почне и online продажбата на влезниците.
Осминафиналниот натпревар ќе се одржи на 23.03.2013, сабота, во спортската сала Борис Трајковски. Влезовите се затвораат во 17:45 часот.
За осминафиналниот натпревар против белорускиот преставник Динамо Минск цените на влезниците ќе бидат следни:
- Блоковите Б7, Б8 и Б9 ќе се продаваат по цена од 200 денари,
- Блоковите Б2, Б3, Б4, Б5, Б6, Б10, Б11, Б12, Б14 и Б15 по цена од 300 денари,
- Блоковите М7, М8 и М9 по цена од 300 денари и
- Блоковите М1, М2, М3, М4, М12 и М15 по цена од 500 денари.
Спортски поздрав!