РК Вардар 1961 Сезона 2021/2022

Карти во продажба

 

 

 

На барање на повеќемина навивачи кои побараа повторно да можат да купат сезонски билети за сите натпревари на Вардар им излегуваме во пресрет и истото ќе може да го сторат и следните денови. Потоа ќе продолжи повторно продажбата на поединечни билети за следните два домашни натпревари во ЕХФ лигата на шампионите.


Продажбата на билетите ќе се врши:
Онлајн на www.kupikartizase.com
и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија (https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).

Цени на сезонските билети:
Блокови 1, 2 и 9:
Цена - 2.150 денари

Блокови 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 11, 12, 13, 14 и 15:
Цена - 2.600 денари

Блокови А2, А3, А5 и А6:
Цена - 3.050 денари

За натпреварите на домашен терен, салата во СЦ „Јане Сандански" ќе може да биде исполнет со максимално 30 отсто од капацитетот.

Повеќе информации за распоредот на натпревари можете да најдете на следниот линк
https://rkvardar.mk/news/poznati-terminite-i-saatnicite-na-prvite-10-kola-od-lsh

По завршување на овој рок доколку има слободни билети ќе има и индивидуална продажба за секој поединечен меч од ЛШ и СЕХА лигата, за што дополнително ќе има известување.

Ќе бидат пуштени во продажба поединечни билети за следните два домашни натпревари против Алборг и Монпелје кои се на програмата на 29 септември и 13 октомври.

На самиот влез секој гледач покрај билет ќе треба да покаже и:
* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата дури иако имате купено билет (сезонски или индивидуален) за натпреварите.

 

Распоредот и саатниците на првите 10 кола од ЛШ можете да го видите на следниот линк: https://rkvardar.mk/news/poznati-terminite-i-saatnicite-na-prvite-10-kola-od-lsh

Последните четири кола од групната фаза се играат во 2022 година, и дефинитивните датуми на истите се уште не се дефинирани.

11 коло, 16/17.02, Монпелје – Вардар

12 коло, 23/24.02, Вардар – Загреб

13 коло, 02/03.03, Мешков Брест – Вардар

14 коло, 09/10.03, Вардар – Елверум

 

Ве чекаме во сала,

#ЕденЖивотЕднаЉубов