Rihana@Sziget 2016
RIHANNA LIVE IN BUDAPEST 2016
Спектакуларен настан што го отвара годинешниов sziget festival во неговиот нулти ден
П Р О Г Р А М А
ПРВ ДЕН, среда, 10.08.2016. Поаѓање од Македонија попладне (Штип 17 часот, Скопје 18.30 часот). Ноќно возење преку Србија со неколку паузи по мотелите.
ВТОР ДЕН, четврток, 11.08.2016. Пристигнување во Будимпешта околу 10 часот. Слободна прошетка по Центарот (промена на пари, одмор од патот,...). Сместување во хотелот во 13 часот. Одмор од патот до 17часот. Во 17 часот, собирање на групата во холот на хотелот и одење со автобусот до капијата на СИГЕТ фестивалот (4 км од хотелот) каде што неговото свечено отварање годинава ќе започне со спектакуларниот настап на светската мега-ѕвезда РИЈАНА. Во 1 часот по полноќ собирање на групата на договореното место и враќање со автобусот во хотелот. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН, петок, 12.08.2016. Појадок... Слободен ден со можност за избор на некоја од многубројните содржини што ги овозможува Будимпешта. Наша препорака (факултативно): СПА ЦЕНТАР на отворено на самиот извор на термални води на Маргаритиниот остров (10 евра), возење со брод по Дунав (15 евра). Од 17 до 21 часот разгледување на знаменитостите на Будимпешта: Стар Будим, Цитадела, Споменик на Милениумот. Слободна вечер со можност за избор помеѓу вечерна шема низ центарот на градот или посета на следната (првата) фестивалска вечер на Сигет (факултативно, дневна карта 65 евра). Враќање во хотелот околу полноќ. Ноќевање..
ЧЕТВРТИ ДЕН, сабота, 13.08.2016. Појадок и напуштање на хотелот. Сопствен избор од 3 можности: останување во Будимпешта до полноќ по сопствена програма, со можност за следење втората фестивалска вечер на Сигет (факултативно, дневна карта 65 евра), или еднодневен излет до Виена со комплетна туристичка шема и стручен локален водич (факултативно 25 евра). Поаѓање од Будимпешта кон дома на однапред договорено место околу полноќ, ноќно возење преку Србија со повремени паузи по мотелите.
ПЕТТИ ДЕН, недела, 14.08.2016. Пристигнување во Македонија во попладневните часови.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ИЗНЕСУВА 12670 ден
Аранжманот опфаќа:
*Целокупниот автобуски превоз наведен во програмата
*2 ноќевања со појадок во хотел Хунор (***), (извонреден хотел во Северниот дел на Будим, еден од најубавите делови на Будимпешта, рекреативна зона покрај самиот Дунав)
*Влезница за нулти денот односно концертот на Ријана
*организацијата на патувањето со 24 часовно професионално водство
Аранжманот не опфаќа:
*меѓународното патничко осигурување можете да го купите во агенцијата каде што го купувате аранжманот
*факултативните понуди од програмата: Спа центар (10 евра), брод по Дунав (15 евра), Виена (25 евра), еднодневните карти за втората или третата вечер на Сигет (факултативно 65 евра од вечер)
- За реализирање на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
При купување на пакет арнжманот задолжително испратете ги вашите име и презиме, број на пасош и контакт телефон на contact@kupikartizase.com