Richard Clayderman

richard clayderman

Еден од најпознатите светски пијанисти, креаторот на оригиналниот романтечен звук кој претставува испреплетување на оригиналните класични дела со поп стандардите на денешницата, Richard Clayderman, ќе одржи свој солистички концерт на 1ви и 2ри април, во МОБ, со почеток во 20:30 часот.

Richard Clayderman, францускиот пијанист во својата долгогодишна кариера има снимено над 1300 мелодии и издадено голем број на албуми. Во неговиот репертоар можат да се слушнат најпознатите класици како и интересни аранжмани на филмска и етно музика. Неговите аранжмани и даваат својствен печат на секоја композиција и ја прават лесна за слушање. Големо број од неговите албуми имаат достигнато платинеста продажба. А воедно е и еден од пијанистите со рекорден број на концерти во текот на една година. Во денешно време, тој е многу познат во Азија и е запишан во гинесовата книга на рекорди, како најуспешен пијанист во светот.

 Дел од билетите во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.

 

mob za clayderman