Психоза

Psihoza pretstava vo mnt4.48 Психоза е последна пиеса на Сара Кејн, напишана во време кога таа страда од длабока депресија, пред да си го одземе животот. Главната тема на оваа пиеса, "овие збеснати фрагменти", како што и самата вели, е нејзиниот ум. Според драмскиот писател Дејвид Грег, насловот доаѓа од времето кога Сара Кејн, во нејзината депресивна состојба, честопати се будела во 4.48 часот наутро.

4.48 Психоза е совршениот текст за вивисекција на човекот во денешницата.

Театар Квартет во копродукција со Македонскиот Народен Театар ви ја претставуваат:

4.48 Психоза

Режија и дизајн: Ѓорѓи Јолевски

Играат: Никола Ацески и Александар Ѓорѓиески

Специјален гостин: Арна Шијак

Понеделник, 12 Декември 2011, почеток 20 часот.

Билетите можете да ги најдете на билетарата на МНТ и на продажните места на ККЗС, по цена од 250 денари.

Резервации на cc.quartet@gmail.com и на телефонскиот број 070 343 341.