Психоза
4.48 Психоза е последна пиеса на Сара Кејн, напишана во време кога таа страда од длабока депресија, пред да си го одземе животот.
Главната тема на оваа пиеса, “овие збеснати фрагменти“, како што и самата вели, е нејзиниот ум.
Според драмскиот писател Дејвид Грег, насловот доаѓа од времето кога Сара Кејн, во нејзината депресивна состојба, честопати се будела во 4.48 часот наутро.
4.48 Психоза е совршениот текст за вивисекција на човекот на денешницата.
Театар Квартет во копродукција со Македонски народен театар
“4.48 Психоза” - Сара Кејн
Режија и дизајн - Ѓорѓи Јолевски
Играат:
Никола Ацески
Александар Ѓорѓиески
Специјален гостин – Арна Шијак
Избор на музика – Горан Путица
Аудиовизуелни материјали – Срѓан Јаниќијевиќ
Превод – Никола Ацески
Лектор - проф. д-р. Рајна Кошка
Проект менаџер во Театар Квартет – Владимир Јанчевски
Координатор на проектот – Емилија Џуровска
Односи со јавност - Тони Димков
Инспициент – Никола Кимовски
Светло мајстор – Дарко Младеновски
Тон мајстор – Александар Петровски
Камера - Владимир Димоски
Почеток на претставата:20 часот.
Картите се пуштени во продажба на сите продажни места на ККЗС по цена од 250 денари.