Project Kalabalak
Сите убави работи се случуваат повеќе од еднаш, особено ако вредат. Музичкиот спектакл „Калабалак“ со епицентар во Радовиш, годинава по втор пат ќе ја збогати агендата на сите оние чии срца пулсираат во ритамот на квалитетната музика и квалитетнта забава. Музичкото шоу, кое лани на иста сцена ги судри диск-џокејските квалитети на светски и домашни музички ѕвезди од калибарот на „Stadium X“ кои после „Калабалак“ заминаа да настапуваат на „Tommorrowland“, продолжува со уште поексклузивна програма годинава.
На 23 јули, сите патишта ќе водат кон „стрелиштето“ во Радовиш. Оваа година на огромно задоволство на организаторите, а веруваме на уште поголемо задоволство на публиката, главен гостин на „Калабалак“ директно од Франција ни доаѓа ултра-познатиот Tom Tyger кој помеѓу своите колеги го ужива епитетот на еден од најперспективните ДЏ-и во светот. Нему друштво ќе му прават специјално избрани ДЏ-и кои се вклопуваат во духот на „Калабалак“.
Она што за организаторите на „Калабалак“ лани беше сон, за сите кои беа дел од фантастично организираниот настан беше реалност. „Калабалак“ ги исполни очекувањата до таа мера што и најголемите скептици останаа со подотворени усти. Оние кои лани беа дел од „Калабалак“ се уште се во неверување дека беа дел од музички спектакл од светски рамки.
А за нештата да станат појасни и Вие да знаете што да очекувате, погледнето го „after movie“ на „Калабалак“ од минатата година.
23ти Јули, 2016 | Почеток: 20:00 | Стрелиште, Радовиш
Tom Tyger (Fr) | Wess (Cro) | Mirock (Mk) | Todoroff (Mk) | Galoski (Mk) | Nennat Omen (Mk) | ZokiPoki (Mk)
Карти во предпродажба до 10ти Јули -250 мкд
Карти од 10ти Јули до 23ти Јули -300 мкд