Проект Калабалак
Седмото издание на електронскиот музички фестивал „Проект Калабалак“ ќе се одржи во сабота 31.07.2021 година со препорачаните протоколи на заштита од коронавирусот.
Организаторот, здружението на граѓани „Experience in music“ ќе им овозможи одлична атмосфера и забава на посетителите под отворено небо на паркингот „Орел“.
Целта на „Проект калабалак“ по седми пат е да се реализира спектакл кој ќе предизвика поинакво музичко доживување за љубителите и познавачите на електронската музика.
Легендата на бугарската и светска техно-сцена Методи Христов ќе биде една од ѕвездите на неколку часовниот музички спектакл со поддршка на најдобрите домашни диџеи – веќе докажаниот – диџеј Флоодер, диџеј Ампов , диџеј Marsabb диџеј Кокс и диџеј Иван Димов.
Дечки се гледаме на 31.07.2021 год. на паркинг Орел во Радовиш, на еден од најдобрите фестивали на отворено небо.