Прљаво Казалиште и Владо Јаневски

prljavo kazaliste

На Скопје ќе му се случи најголемата журка на 26 април (сабота) во специјално адаптираната Метрополис арена, со обезбеден простор и за седење и за стоење, Прљаво Казалиште и Владо Јаневски на Скопје ќе му понудат една сосема поинаква журка. Во предизборниот молк, наместо да молчиме, гласно да ги пееме најголемите хитови на регионалните ѕвезди Прљаво Казалиште и непоправливиот чаирски романтичар Владо Јаневски. „Марина“, „Ми плешемо“, „Ту ноч кад си се удавала“, „Мој бјели лабуде“ на една страна и „Од овој ден“,„Црно Тиквешко“, „Чаирска романтика“, „Евергрин“на друга, ќе бидат идеална комбинација различни генерации да живеат една иста сабота и да бидат дел од оваа незаборавна журка која што ја очекува македонската метропола.
Влезниците од денес, среда 19 март, се пуштени во продажба на стандардните продажни места во Скопје: Пола Југотон, Розе Веро 2, Камарад Рамстор, како и низ локалните трафики и продажни локации низ државата.
Цената за да таа една вечер од една иста сцена ги слушате хитовите на Прљаво Казалиште со кои што растеше цела Југославија, како и стиховите на Владо Јаневски на кои што се вљубуваше половина Македонија, до 5 април се со ексклузивна цена од 350 денари за стоење и 600 и 700 денари за седење. 
Организаторот најавува концертен спектакал кој што нема реприза, со времетраење од нешто повеќе од четири часа. На сцената нема да се појават само легендарните Прљаво Казалиште и Владо Јаневски. Во најава се спомнуваат и специјални гости кои што ќе ја збогатат оваа најголема журка. 
Наместо да броите гласови, бројте познати рефрени. Оваа година, на предизборниот молк во Македонија, Скопје ќе биде најгласно, на најголемата журка закажана за 26 април во специјално адаптираната Метрополис арена.

Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.
Цените на билетите по категории се следниве:

Партер Стоење - 350 денари
Партер Седење - 700 денари
Галерија Седење - 600 денари
ВИП Партер - 700 денари
ВИП Галерија - 600 денари

mapa