Предновогодишен музички земјотрес

koncert na najgolemite muzicki zvezdi od makedonskata estradaГолем предновогодишен музички спектакл кој ќе ја тресе цела Македонија, а ќе се случи во Скопје, на 30-ти декември, во спортскиот центар "Борис Трајковски", со почеток во 20 часот.

Сите музички ѕвезди со своите најголеми хитови ќе бидат доволна провокација за сите оние кои сакаат добра забава и уживаат во македонската музика: Владо Јаневски, Тони Зен, Елена Ристевска, Паркети, Тамара Тодевска, Александра Пилева, Димитар Андоновски, Дарко Илиевски, Некст Тајм, Токсикологија, Викторија Лоба, Магдалена Цветковска, Ламбе Алабаковски, Бени Нон-Стоп, Орхидеја Дукова, Влатко Лозаноски - Лозано.

Дел од средствата од овој музички хепенинг, ќе бидат донирани за институтот за белодробни заболувања во детската болница во Козле.

Влезниците за овој необичен настан се во ограничен број и истите ќе можете да ги купите во продажната мрежа на Купи Карти За Се, вопродажба по цена од 200 денари.

 

Побрзајте, ова е настан кој несмеете да го пропуштите!!!!