Предавање за родители - среќен почеток во училиште
Предавање за родители - среќен почеток во училиште
Се ближи времето за поаѓање на училишта, а тоа значи многу важна есен за сите родители кои за прв пат ќе бидат одделени од своето дете.
Секако, ова е голема промена за секое дете. Се соочува со ново опкружување кое не само што значи физички нов простор, туку и нови возрасни и пријатели, нови навики ... сè поразлично од она што го има во родителскиот дом.
Сите ние, како родители, покрај тоа што се грижиме за тоа како ќе се снајде нашето дете, секојдневно се мачиме со уште илјада прашања како што се: „Како треба да се однесувам?“, „Што треба да направам за да му го олеснам на детето адаптирањето на новата средина?“
На ова предавање ќе добиете совети за тоа како може да му помогнеме на нашето дете да го помине периодот на адаптација во училиште и што е можно подобро да се навикне на новата ситуација.
На предавањето ќе се информирате:
- кога да се започне со подготовка,
- какви промени во однесувањето можете да очекувате и како можете да реагирате на нив,
- како да се однесувате со вашето дете,
- како да го поддржувате вашето дете
Предавањето ќе се одржи на 29.08 од 18.00 до 20.00 часот во Ресторан Амбрела ГТЦ.
Цената на предавањето изнесува 300 денари, а картите може да се купат на www.kupikartizase.com.mk или во локалот.
Предавањето ќе го држат тројца предавачи со долгогодишно искуство
Софија Геориевска, психолог, професор на Филозофски факултет, системски семеен терапевт, предавач по позитивна психологија
Фросина Денкова Зафировска, психолог и магистер по педагошка психологија, системски семеен терапевт, предавач по позитивна психологија
Александра Батиќ, социјален работник во ОУ Лазо Ангеловски, осумгодишно практично искуство во работа со деца и родители