Поточиња 2014

potocinja 2014На 22 и 23 Март 2014, во Универзална сала по 11-ти пат ќе се одржи детскиот фестивал Поточиња. Поточињата во Универзална сала за прв пат потекоа во 2004 година и за брзо време ги освоија срцата на најмалите љубители на музиката. Од тогаш, редовно, секоја година со своето одржување ја најавуваат пролетта.

Не ја пропуштајте можноста да ги изненадите своите најмили, овозможете им прекрасно доживување и забава на овогодинешното издание на Поточиња. Пап продукција - Поточиња најавува 15 нови песнички, проследени со видео најави подготвени од драмската секција, како и многу изненадувања за сите дечиња.

Претставите ќе се одржат на 22.03 (сабота) од 11:00 и 13:00 часот и 23.03 (недела) од 11:00 и 13:00 часот.

Билети во предпродажба во музичката продавница Пола Југотон, ГТЦ 1 кат и на продажните места на Купи Карти За Се.

univerzalna sala