Pop My Corn

 

“Pop My Corn” или првиот фестивал од овој тип на „Танц Бункер“ е резултат на иницијативата на овој нов колектив составен од Адријана Данчевска, Дејан Битровски и Ивана Балабанова.

 

„Поп мај корн“ не е само уште еден фестивал за уметност, не е само уште една платформа за изведба, туку е обид за препознавање на сè уште младите, а веќе афирмирани уметници, како и за активирање на сцената за промовирање на нов израз! „Поп мај корн“ е и обид за еманципирање на локалната публика кон нови современи движења и отворање на истата кон нови пристапи во пласман на современи дела.

 

Со идеја за сплотување на современата уметничка сцена и креирање нови модели на соработка, „Поп мај корн“ е протест, крик, мозаик на индивидуални изрази и нов пристап кон ко-креација на повеќе уметници, како и зачеток на нови соработки промовирајќи сплотеност, здруженост и креативна акција.

Овојпат програмата ги сплотува јазиците на современиот танц, визуелната уметност и електронскиот звук со соработките на неколку уметници, и тоа: Ивана Мирчевска, Елена Чемерска, Ивана Мојсовска Головска, тројцата кореографи Ивана, Дејан и Адријана и звукот на Херцел. Програма

30 НОЕ / Pre-party @ Kotur

21:00 DJ Set _ Nastasyakish 2 ДЕК / ОТВОРАЊЕ 20:30 @ Мултимедиален Центар Мала Станица Уметничка инсталација _ “Boiling Bodies” Елена Чемерска & Ивана Мирчевска

Избрани дела _ „Сè ќе биде добро“ Ивана Мојсовска

Танцови перформанси “Tears of a clown” _ Адријана Данчевска “The Baron” _ Дејан Битровски