ПодГотвено 25.02.2023

ПОД.ГОТВЕНО е целокупно искуство на тенката линија меѓу животот и уметноста.

Зад транспарентната завеса се крчкаат сите вкусови на животот - слатко, солено, луто, поткиселено... се приготвуваат специјалитети измешани со спомените од минатото, зачинети со топлината на домот, стравовите на нашите претци...

Посетителите имаат можност да го вкусат самиот живот и полесно да го проголтаат со чаша црвено вино...

Место на изведба: Чардакот во Ракатрак, с. Чучер-Сандево, Скопје

Режија: Дејан Спасовиќ Текст: - По поезијата на Ѓоко Здравески - По расказите на Елизабета Бакоска - Извадоци од драмскиот текст "Трите високи жени на Едвард Олби Aктерска екипа: - Билјана Драгичевиќ Пројковска - Слаѓана Вујошевиќ - Нина Елзесер Сценографија: Мартин Манев Костимографија: Eмилија Ивановска Атанасовска

Цена на билетот -1200 ден