ПМГ Колектив - КЛАН СЕКУЛАР

pmg kolektivПочитувани љубители на музиката и филмот.

Со необично задоволство го најавуваме промотивниот КОНЦЕРТ на ПМГ Колектив по повод албумот КЛАН СЕКУЛАР (албумот сеуште е достапен за free download - www.pmgrecordings.com).

Концертот ќе се снима аудио и видео и ќе биде употребен во филмот КЛАН СЕКУЛАР.

Бендот има нова постава и потполно нов звук, досега не сте го слушале во ова издание. 

Концертот ќе се одржи во ЏеБноТо КинО во МКЦ, а со оглед на големината на просторот, има место само за 103 луѓе внатре. Значи толку карти има во прет/продажба во Пола Југотон и касата на МКЦ. Со секоја карта следи подарок ЦД од ПМГ Колектив. Побрзајте набавете си карта, бидете дел од овој концерт, а истовремено и филм.

Со љубов...