Placebo

placebo 2016

Огромно задоволство ни е да Ви најавиме дека еден од најуспешните алтернативни рок бендови на сите времиња, Placebo, ќе одржи концерт во Загреб на 10 ноември, во салата „Дражен Петровиќ“, а во организација на Авалон продукција.

Placebo доаѓаат во Загреб во рамките на светската турнеја по повод 20 години од издавањето на нивниот деби платинест албум насловен по името на бендот, „Placebo“. Овој концерт ќе биде единствениот на Placebo во регионот.

  Ќе изведеме многу песни за кои се заколнав дека повеќе нема да ги свириме. Но, мислам дека е време да го признаеме она што фановите на Placebo сакаат да го чујат. Тие беа многу трпеливи со нас, затоа што ретко го свириме нашиот најкомерцијален материјал и затоа, оваа турнеја по повод 20 годишнината е одлична прилика тоа да го направиме - вели фронтменот на бендот, Brian Molko.

Placebo е основан во 1994 година во Лондон од страна на гитаристот и пејач Brian Molko и басистот Stefan Olsdal. Со нивниот специфичен звук кој претставува фузија на глам-рок и готик-поп жанровите, како и по уникатниот имиџ на пејачот Molko, Placebo добија статус на апсолутни миленици на алтернативната рок популација, а меѓу нивните бројни обожаватели се вбројуваше и легендарниот David Bowie.

Поради големиот интерес на публиката и критиката, тие во 1996 година го издаваат својот прв албум „Placebo“, a многу брзо следуваат и настапи со светски музички имиња како што се U2 и Sex Pistols. Следната година, пак, свират на концерт со Dawid Bowie на негова лична покана, на концертот во Њујорк одржан во Madison Square Garden, по повод 50-тиот роденден на Bowie. Следуваат двата албума „Without you I`m nothing“ (1998) и „Black market“ (2000), на кои се најдоа хитовите како што се „You don`t care about us“, „Every you every me“, „Taste in men“, „Slave to the wage“ и „Special K“... Овие два албума постигнаа тираж од преку еден милион продадени примероци.

Placebo досега објавија вкупно девет албуми, од кои седум се студиски и два во живо. Не треба да се заборави дека покрај носачите на звук, Placebo имаа серија од исклучително успешни синглови и видео спотови со впечатлив стајлинг, со што дефинитивно се профилираа како современ арт-рок состав и тоа на најдобар можен начин.

За сите фанови од Македонија, билети за концертот на Placebo во Загреб се пуштени во продажба преку продажната мрежа на Купи карти за се.

ПАРТЕР - 1990 денари
ТРИБИНИ - 1600 денари
ПРЕВОЗ - 3800 денари

Програма на патувањето:

*Состанок на групата на 09.11.2016 во 20:45 часот   на паркингот Дрводекор.
*Тргнување кон Загреб во 21:00 часот 
*Пристигување во Загреб на 10.11.2016 околу 10 часот  
*Слободно време за индивидуални активности.
*По завршувањето на концертот состанок на групата на договорено место и тргнување кон Скопје.

Аранжманот (влезница + превоз) опфаќа:
*автобуски превоз Скопје - Загреб - Скопје
*организација на патувањето.

Аранжманот не опфаќа:
*меѓународното патничко осигурување (може да го уплатите во туристичката агенција од каде што го купувате аранжманот)

  • За реализирање на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
ВАЖНО!!!
При купување на пакет арнжманот задолжително испратете ги вашите име и презиме, број на пасош и контакт телефон на contact@kupikartizase.com

Превоз картите се продаваат преку продажните места на Купи Карти За Се кои поседуваат лиценца за вршење на туристичка дејност и тоа: Скопје: 1/2 Jуготон, Гтц 1 кат, ТА Савана Центар, ТА Атлантис (Т.Ц. Бисер, Влае, Центар), Art Of travel, Asiba (спроти City Mall), ТА Стаф, Кисела Вода; Прилеп: ТА Атлантис; Битола: ТА Атлантис, Глобус Травел Сервис, Тео Травел ТА; Охрид: ТА Вис Пој, ТА Атлантис; Велес: ТА Мартин Травел; Куманово: ТА Јоцо Турс; Кичево: ТА Атлантис; Струмица: ТА Aтлантис, We Travel; Штип: ТА Атлантис, Еуротурс, We Travel; Струга: Турис Биро Полет; Тетово: ТА Атлантис, Патник-Вокер; Радовиш: ТА Атлантис; Кавадарци: ТА Атлантис; Крива Паланка: ТА Атлантис; Гевгелија: Дори Травел, ТА Атлантис; Кочани: Libero Travel; Приштина: Rave Travel;