PIN Роуд-шоу во Прага
PIN Роуд-шоу во Прага
19 ноември, понеделник
(10.00-17.00)
Настаните планирани како дел од Роуд-шоуто 2018 во Прага се насочени кон различна публика, па поради тоа ќе опфатат различни теми. Ова е единствена можност да ги запознаете сите специјалисти и преговарачи во исто време во истиот град! Присуствувајте на конференцијата за да ги слушнете нивните презентации, да комуницирате и остварите контакт со нив и со други експерти за преговори.
Од 1988 година, PIN програмата ја спроведува меѓународен Управен комитет на специјалисти кој се состанува трипати годишно за да развие и пропагира ново знаење за преговарачките процеси. Управниот комитет секоја година одржува работилници посветени на анализирање и унапредување на преговарачката практика на кои присуствуваат експерти од различни земји, со цел да се добие широка меѓународна експертиза - САД, Обединетото Кралство, Холандија, Франција, Германија, Шведска, Русија, Израел и Канада.
PIN, исто така, одржува мини-конференции за меѓународни преговори за да поттикне истражувања на оваа тема. Вакви „Роуд-шоуа“ се одржаа во многу земји, а следната е во Прага на 19 и 20 ноември.
PIN експерти кои ќе учествуваат на ова Роудшоу:
Mark Anstey, Michigan State University in Dubai, formerly Nelson Mandela University
Guy Olivier Faure, CEIBS, Shanghai
Markus Kirchschlager, GIGA, Hamburg
Paul Meerts, POINT
Valerie Rosoux, Catholic University of Louvain
Siniša Vuković, The Johns Hopkins University
I. William Zartman, The Johns Hopkins University
PIN мрежата објавува полугодишен онлајн билтен, PINPoints, книги од членовите и спонзорира мрежа од над 4.000 истражувачи и преговарачи.
Повеќе информации за ПИН, како и за сите опции за регистрација можете да најдете на: http://www.pin-negotiation.org
По официјалното отворање на одделот за обука POINT на PIN, ќе можете да се запознаете со некои од нашите обучувачи:
Paul Meerts (директор на POINT), Ida Manton, Frans Schram, Sinisa Vukovic, Léna Salamé, Sami Faltas, Serge Wynen, Francesco Marchi, Tariel Sikharulidze and Antony Wanis-St John.
Ние се грижиме за знаењето што им го пренесуваме на новите генерации, па затоа го организираме нашиот Роуд-шоу во Прага за да се потсетиме на студентските демонстрации на 17 ноември во 1939 и 1989 година.
Студентите плаќаат симболична сума и се повеќе од добредојдени!!!
17 ноември, чешкиот национален празник кој ја слави слободата и демократијата, како и Меѓународниот ден на студентите е добар повод да се спомнат сите минати борби за слобода и отпор кон угнетувањето, да се препознае важноста на образованието и енергијата и вредниот придонес на студентите за општествените промени. Одбравме да се состанеме во Прага инспирирани од борбата на чешкиот народ за слободно и демократско општество, со надеж дека ќе можеме да ви понудиме знаење и дискусија за да станете подобри дипломати, успешни бизнисмени, општествено одговорни извршни директори, квалификувани јавни службеници или мотивирани студенти.
Локација: рефекториумот на Доминиканскиот манастир: http://www.refektar.cz/
Сите регистрирани учесници на крајот ќе добијат сертификат!
Програма:
Сесија 1
10.00 - 10.30 Воведни забелешки и добредојде
10.30 - 11.15 Тема 1: цврст став и усогласување во преговорите
• Zartman: судир и справување во преговорите
• Rosoux: преговарање за повоените наративи
11.15 - 12.00 Тема 2: општествена промена и политички режими
• Meerts: преговарање со ЕУ
• Vukovic: механизми за соработка и координација во миротворството
12.00 - 12.30 кафе пауза
12.30 - 13.00 Тема 3: Бизнис преговори
• Anstey: организациска промена како мултилатерален процес на преговарање
13.00 - 13.30 Тема 4: посредување
• Vukovic: посредување во нерешливи конфликти
• Kirchschlager: посредување и преговарање во дигиталната ера
13.30 - 14.00 Ручек
Сесија 2
14.00 - 15.15 Тема 1: преговарање со одметници
• Faure: преговарање со терористи за заложници
• Zartman: преговарање со џихадисти за контрола
• Vukovic: справување со криминални банди
15.15 - 15.45 Тема 2: преговарање меѓу култури
• Faure: преговарање со Кинези: стратегии и тактики
15.45 - 16.00 кафе пауза
16.00 - 16.30 Тема 3: обука за преговори и посредување - POINT
16.30 - 17.00 Тема 4: нова дипломатија за нов конфликт во нов контекст: тркалезна маса
17.00 - 18.30 Вечера (потребна е посебна регистрација. Цена: 20 евра)
Присуствувале: регистрирани учесници од дипломатските и бизнис заедниците, студенти и академски кадар, истражувачи и експерти.
Презентациите ќе бидат поделени во 2 сесии. Секоја сесија ќе биде проследена со Q&A (прашања и одговори) и дискусија.
Партнери:
Center for Theoretical Studies - CTS: http://www.cts.cuni.cz/en
Expres.mk: http://expres.mk
Корисни линкови:
http://www.pin-negotiation.org
https://www.pragueexperience.com/
http://www.myczechrepublic.com/prague/
За дополнителни информации контактирајте нè на: pinroadshowprague@gmail.com