Пингвинот

Шеста изведба на „Пингвинот“

Авторски проект на Тамара Стојаноска и Лео Поповиќ работен според текстови на Данкан Мекмилан, Џони Донахју и документарни материјали на Вернер Херцог

Концепт и режија: Тамара Стојаноска Игра: Лео Поповиќ Превод: Лео Поповиќ Избор на музика: Тамара Стојаноска и Лео Поповиќ / вокал и укулеле: Лео Поповиќ Дизајнер на постер и рекламен материјал: Бојана Цилевска Извршен продуцент: Бобан Алексоски Продукција: Театар „Златен Елец“ Скопје Фотографија и видео: Тамара Малкоска Локација: Mултимедијален простор „Котур Кафе и Филм“

 

„Пингвинот“ е интерактивна експериментална монодрама во која заедно со публиката ќе се потсетуваме на обичните мали моменти за кои вреди да се живее. Претставата е работена според авторски текстови на тимот, текстови на Данкан Мекмилан и Џони Донахjу и документарни материјали на Вернер Херцог. Со поврзување на сите овие материјали се фокусираме на теми околу менталното здравје, поточно депресијата и самоубиството и симболично ги поврзуваме сите овие интензивни чувства и со животинскиот свет и пингвините кои се едни од ретките животни кои што покажуваат знаци на депресија и суицид. Иако, сеуште не постои точен научен факт зошто пингвините во одреден момент се одлучуваат за таква постапка, не можеме, а да не чувствуваме поврзаност со овие животни кои можеби чувствуваат исто како нас. Претставата преку позитивни и комични моменти ја истражува комплексноста на тагата, генерациските трауми и растењето со депресивен родител. „Пингвинот“ ќе се надоградува со секоја нова изведба и интеракција со публиката и ќе отвора врата за дискусија и рушење на предрасудите за комплексноста на менталното здравје.