Певај брате 2

"Певај брате 2" конечно и во Скопје

pevaj brate 2

Откако ги срушија сите рекорди на гледаност на ЈуТјуб, 15 пати ја наполнија Универзална сала, малку им беше претствата што го покори регионот па во 2011 снимија и телевизиска серија, Милан Калиниќ, Андрија Милошевиќ и Милан Васиќ во втор дел ја раскажуваат приказната за поп и рок музиката во време кога царува фолкот.

Во Белград веќе се случи премиерата. На ред е Скопје.
После цели две години, „Певај брате“ повторно ќе ја преврти Универзална сала.

На 7 мај премиерата за која што Белград и после 4 месеци сеуште бара карта плус ќе ја видат и Скопјани но и сите останати кои што навреме ќе обезбедат влезници.
А истите уште утре (петок 4 април) ќе бидат пуштени во продажба во продажната мрежа на Купикарти за се, Југотон, Цвеќара Розе Веро 2, Камарад – Рамстор и касата на Универзална сала. Цената на влезниците е од 400 до 600 денари.

univerzalna salaТемата на овој втор дел од приказна Певај брате е Евровизија. На врвот од Европа ќе ве однесат сега веќе добро познатите Маријан, Горан и Урош. Тројцата музичари заминуваат на Евровизија, која според сценариото на Стеван Копривица ќе се случи во Албанија. На ова престижно музичко натпреварување ги испраќа мнозинството на гласови од Општина Србија. Во оваа приказна трите мали човечиња урнебесно смешно се обидуваат да се снајдат некаде помеѓу европските правила и нивната дисциплина.
За да не чекате реприза на „Певај брате 2“, за која што сеуште не сме сигурни дали воопшто и ќе се случи, обезбедете си место во малата Универзална сала за „Певај брате 2“ на 7 мај и насмејте се до солзи.