Песни и звуци од чудната шума

Песни и звуци од чудната шума (поетско-музички перформанс) - ВИС ТРКАЛЕЗНА МАСА

17 јули 2020 година, 20:30 часот, Факултет за ликовни уметности - Сули ан

„ВИС Тркалезна маса” е група настаната во рамките на четириесетмесечниот поетски маратон „Астални проекции”. Составот обединува писатели, музичари и уметници со различни уметнички искуства, сплотени околу меракот за импровизирана музика, настаната во спонтан дијалог со книжевноста и со омажи на значајни уметници и писатели (Дејвид Боуви, француски надреалисти, Блаже Конески, Лилјана Дирјан). Покрај многубројните концерти во рамки на  „Астални”, ВИС Тркалезана маса настапувал на неколку манифестации: Денови на европската култура, Радио Слободно Скопје, АртАреа.

Проектот „Песни и звуци од чудната шума” е поттикнат од новиот бран на актуелната продукција на поезија за деца. Среде старата скопска чаршија, преку музички пејзажи публиката ќе се воведе во амбиентот на шумата, а ќе се читаат најнови песни за деца, најголемиот дел неодамна објавени во е-списанието „Чудна шума”.  

Настапуваат:

Ана Голејшка Џикова – вокал

Ѓоко Здравески – вокал

Владимир Лукаш – гитара, мелодика

Васко Марковски – мандолина, мандола

Деан Шкартов  – хармоника, сајзер

Душан Кировски – гитара

Перо Сарџоски – кавал, џембе

Владимир Мартиновски – тамбури, удиралки

Ѓорѓе Јовановиќ – усна харфа, ефекти

Круме Стефановски – кахон

Тома Димовски – деф

Согласно Протоколите заради регулирањето и контрола на бројот на публика ќе се продаваат влезници по симболична цена од 100 денари.

Влезниците за настаните ќе се продаваат онлајн преку: kupikartizase.com или во салонот на „Југотон“ во Градскиот трговски центар.

ВАЖНО ЗА ПУБЛИКАТА:

Согласно објавените протоколи бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжително ќе биде почитувањето на препорачаните мерки:

- носење заштитни маски

- мерење телесна температура

- одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето

- дезинфекција

- влезот на публиката ќе започне во 20:00 часот