Pearl Jam Tribute band

На 29.03.2024г. во клубот Станица 26 ќе имате можност да гледате еден од најпочитуваните PEARL JAM трибјут бендови во регионотБендот Epidemic е создаден во 2017 година во Нови Сад како музички проект фокусиран на гранџ музиката, со посебен акцент на наследството на бендот Pearl Jam.

Бендот го сочинуваат талентирани музичари - гитаристите Никола и Невен, тапанарот Угљеша и басистот Марко, а нивната единствена визија ја предводи енергичниот фронтмен Чуфи, чиј глас чудно потсетува на Еди Ведер.

 

 

Epidemic не само што ја проширува традицијата на музичката сцена во Сиетл, туку и ја претвора во одлична забава.

И не е само тоа! Журката не почнува со нив туку со скопската предгрупа „ТHE OOZ“ која сонично ја претставува психоделичната монотонија на секојдневието и гласно и хаотично си играат со комбинирање на психоделија, нојз-рок и пост-панк.

Влезните билети се пуштени во претпродажба во 3 категории, а публиката може да ги набави преку продажната мрежа на Купикартизасе:

 

“Еarly Bird“ Tickets – до 22-ри Февруари – Цена 350 мкд
“Regular“ Tickets – од 22-
ри Февруари – Цена 400 мкд
На денот на настанот
 на 29 март до 19:00часот - Цена 500 мкд

 

На врата: 600 мкд