PAUL OAKENFOLD
Дочекајте го Илинден, со еден од најголемите светски диџеи на сите времиња во најубавиот град во Македонија!
Авалон продукција со огромно задоволство сака да Ве информира, дека прославата на јубилејот 20г. Авалон продолжува, овој пат со легендата на електронската музика, човекот кој ги постави денешните стандарди за врвен диџеј сет и кој во својата кариера има 3 Grammy номинации, PAUL OAKENFOLD!!!
Paul Oakenfold доаѓа во Охрид во склоп на својата светска турнеја Full on Fluoro tour 2013.
Paul Oakenfold е единствениот светски DJ, кој во својата кариера има продуцирано албуми на светски мега ѕвезди како Madonna и U2, како и единствен DJ кој правел официјални ремикси на Michael Jackson,The Rolling Stones, Justin Timberlake и има издадено преку 20 DJ микс компилации.
Во изминатите години, неговата кариера на извонреден продуцент и композитор му носи нови ангажмани и тоа во филмската уметност, па така Paul ги реализира соундтраците за неколку Холивудски блокбастери како:The Bourne Identity, Matrix Reloaded, Shrek 2, Swordfish и Collateral.
По повод прославата на јубилејот на Авалон продукција, билетите се по симболична цена од 390 денари.
Истите можете да ги најдете на продажните места на Купи Карти За Се.