Parni Valjak

parni valjak

Концертот на Парни Ваљак одложен за 6 јуни

Организаторот на концертот на Парни Ваљак во Скопје, Прагма Продукција, го одложува концертот по повод 40 годишниот јубилеј на овој хрватски бенд. Концертот кој што првично беше закажан за 16 мај, се одложува за 06 јуни.
Моменталната ситуација во Република Македонија и настаните кои што се случија изминатиов викенд, се причините поради кои Прагма Продукција одлучи концертот да го премести за месец јуни. Купените влезници ќе важат за тој концерт.
Освен Прагма Продукција, со оваа одлука едногласно се сложи и бендот Парни Ваљак. Порачуваат дека нивните мисли се со нас и дека се надеваат на што побрзо надминување на оваа криза. Република Македонија очигледно им е во срцето. Особено на фронтменот Аки Рахимовски кој што земјата на сонцето сеуште ја смета и за своја татковина. 
На оние кој не им одговара датумот може да ги вратат од местата каде ги купиле со приложување на фискалната сметка. Оние пак кои купиле онлајн билети истите можат да ги рефундираат со испраќање на бројот на нарачката и датумот на трансакцијата на contact@kupikartizase.com.


Хрватскиот рок состав Parni Valjak ќе одржи концерт во Скопје на кој ќе го промовира својот осумнаесети албум "Нема предаје". Легендарниот бенд кој постои од 1975 година, во својата кариера освен осумнаесете студиски албуми има и 5 компилациски изданија и 5 албуми во живо.

Концертот е закажан за 06 јуни, во арена Борис Трајковски. Концертот ќе започне во 21:00 часот, а влезовите во арената ќе бидат отворени во 19:00 часот.

Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.

Партер Стоење  - 400 денари  (до 20 април)
Фан Пит - 700 денари
Трибини седење:
Блок 2 и 14 -  800 денари
Блок 3 - 1000 денари
Блок 4 и 12 - 700 денари
Блок 5, 6, 10 и 11 - 500 денари
Блок 7, 8 и 9 - 600 денари
Голд Вип:
Блок 13 - 1500 денари
parni valjak mapa