Операција топло

Карти во продажба

Во знак на одбележување на 20 – ти мај Денот на пожарникарите, Здружението на професионални  пожарникари на Македонија, Синдикат на непрофитни граѓански организации Скопје и Синдикат на

професионални пожаникари од Противпожарните бригади на Македонија, под слоган ОПЕРАЦИЈА ТОПЛО го најавуваат својот  прв хуманитарно – забавен концерт ,со почеток во 20:30 часот,  во кој ќе учествуваат Македонските пожарникари. 

 

               Влезницата чини 300,00 МКД за сите хумани граѓани кои сакаат да дадат свој придонес за повисока општествена цел и да им помогнат на Македонските Пожарникари. Програмата на овој  ALL Inclusive настан содржи танц на пожарникарите, ди – џеј смеса од музика, стенд ап шоу и многу забава и вмрежување.

 

Средствата кои ќе се соберат пред и за време на настанот ќе бидат донирани во Противпожарните станици во Мекдонија. Сите компаниите кои сакаат да земат учество, можат да се вклучат како поддржувачи на настанот, со тоа што пред самото случување, својата донација треба да ја направат на жиро сметката наведена во самата покана. 

 

                Овој настан е одличен начин да се покаже грижата за општеството од страна на компаниите и граѓаните, и можност за социјализација во релаксирана атмосфера.

 

                Преку организација на овој настан, ред ни е нам граѓаните да им возвратиме на пожарникарите, да бидеме хумани за нив,  да го одбележиме Светскиот ден на пожарникарите.

 

ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ! СО ВАШАТА ПОДРШКА ОБЕЗБЕДУВАМЕ ПОДОБРИ УСЛОВИ

     ЗА РАБОТА НА ПОЖАРНИКАРИТЕ КОИ ГИ РИЗИКУВААТ СВОИТЕ ЖИВОТИ ЗА ДА ЈА

                                             ОСИГУРААТ НАШАТА БЕЗБЕДНОСТ.

 

 

       Да бидеме промената која сакаме да ја видиме, да направиме разлика!