Опасни Врски

bitolski teatar vo mob„Опасни врски“ пред се, се бесконечниот низ, на времињата кои течат едно покрај друго, едно во друго... Вечноста или вечниот обид да се слеат машкиот и женскиот принцип во едно или да се преплетуваат едно покрај друго...

Во таа сеуште необјаснета алхемија, за среќа, љубовта преминува во страст, страста во болка, болката во празнотија, празнотијата во желба да се манипулира, манипулацијата во непрекината опседнатост да се добие или придобие наклонетоста, а не преданост. Вечно кружење, слично на она Дантеовото, само, не во општиот и „монументален“ пекол, туку во внатрешниот, поединечниот, интимниот кој е уште пострашен, поболен, побезнадежен...
Каде живее љубовта, која е нејзината универзална apatrida, ја открил ли некој, некогаш? Ја здогледал ли вистински?

Режија: Дејан Пројковски

Играат:
Соња Михајлова
Елена Моше
Викторија Степановска
Петар Горко
Јулијана  Стефановска
Габриела Петрушевска

Билети преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по цена од 250 денари.

07.06.2012 (четврток)
МОБ, почеток 20:00 часот