One Republic

ONE REPUBLIC - NATIVE WORLD TOUR

 one republic

Авалон Продукција ве информира дека поради најголем интерес за концерт во Македонија во последниве 5 – 6 години, приморани се концертот на светската атракција One Republic кој што првично беше најавен дека ќе се одржи во "Метрополис арена" да се префрли во арената "Борис Трајковски".

Се информираат тие што веќе имаат набавено влезници ПАРТЕР и ФАН ПИ , истите билети им важат и за новата локација во арената "Борис Трајковски“. Сакаме да напоменеме дека во продажба се пуштени и уште еден тип на влезници, а тоа е ТРИБИНА – СЕДЕЊЕ (нумерирани билети) по цена од 1.200 денари.

Важно: Сите оние кои до сега набавиле ВИП билети, истите треба да ги променат на продажното место на Купи Карти За Се, музичката продавница Пола Југотон, ГТЦ 1 кат, каде ќе им бидат променети со ВИП билети за седење!

One Republic - групата која го покори целиот свет и ги освои сите светски топ листи со третиот албум „Native World“ и сингловите „Counting stars“, „If I Lose Myself“, „I Lived“ како и многу други хитови, доаѓа во Скопје и ќе одржи концерт на 1ви Јуни во арената "Борис Трајковски".

Тоа што му дава навистина сензационална нота на овој концерт во Скопје е фактот што за првпат во Македонија доаѓа бенд кој што промовира актуелен албум кој бил на врвовите на светските топ листи од обете страни на атлантикот и во Америка и во Европа како што е случајот со албумот „Native World.

Билети во продажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.
Партер - 990 денари
Трибини - 1200 денари
Фан Пит - 1500 денари
ВИП - 1500 денари

one republic