One Republic

Концертот на One Republic во Скопје,
префрлен во арената „Борис Трајковски“!


one republic

Ве информираме дека поради најголем интерес за концерт во Македонија во последниве 5 – 6 години, организаторите на концертот, Авалон продукција приморани се концертот на светската атракција One Republic кој што првично беше најавен дека ќе се одржи во „Метрополис арена“ да го префрлат во арената „Борис Трајковски“. Важен факт е и дека техничкиот рајдер е толку импресивен и негово поставување во „Метрополис Арена“ во рамките на барањата на бендот е невозможно. Арената „Борис Трајковски“ им овозможува на посетителите кои што сакаат да седат и место за седење. Ве информираме дека тие што веќе имаат набавено влезници ПАРТЕР и ФАН ПИТ, истите билети им важат и за новата локација во арената „Борис Трајковски“. Сакаме да напоменеме дека во продажба се пуштени и уште еден тип на влезници, а тоа е ТРИБИНА – СЕДЕЊЕ (нумерирани билети) по цена од 1.200 денари.
Важно: Сите оние кои до сега набавиле ВИП билети, истите треба да ги променат на продажните места на www.kupikartizase.com каде што ги набавиле, и каде ќе им бидат променети со ВИП билети за седење!

One Republic - групата која го покори целиот свет и ги освои сите светски топ листи со третиот албум Native World и сингловитеCounting stars, If I Lose Myself“,I Lived како и многу други хитови, доаѓа во Скопје и ќе одржи концерт на 1 јуни во Метрополис Арена.

Тоа што му дава навистина сензационална нота на овој концерт во Скопје е фактот што не само што доаѓа бенд со продадени повеќе од 5 милиони примероци од своите албуми како и повеќе од 9 милиони синглови, туку за првпат во Македонија доаѓа бенд кој што промовира актуелен албум кој бил на врвовите на светските топ листи од обете страни на атлантикот и во Америка и во Европа како што е случајот со албумот Native World“.

One Republic се дефинитивно најактуелениот поп - рок бенд во светот во моментов,а доаѓа во Македонија во склоп на својата летна светска турнеја на која ќе настапат и како headliner-и на многу големи светски фестивали. Инаку One Republic во моментов е на актуелна европска турнеја на која најблиску во регионов доаѓа во Словенија на 16 ноември во Арена Стожице - концертот е распродаден две недели пред одржување со неверојатни 16.000 продадени билети!

Поради огромниот интерес, Авалон Продукција во договор со менаџментот на групата реши влезниците за концертот на One Republic да бидат пуштени во продажба од понеделник – 24 ноември во 9:00 часот наутро, по следниве цени:

ПАРТЕР – 990,оо денари;
ФАН ПИТ – 1500,оо денари;
ТРИБИНИ - 1200,00 денари; 
ВИП – 1500,оо денари;

Капацитетот е ограничен (особено ФАН ПИТ и ВИП) па Ви советуваме да си ја набавите Вашата влезница на време!!!

one republic