Премиера на театарската претстава Мизантроп

Премиера на театарската претстава „Мизантроп“ од Молиер
Режија: Ана Вукотиќ
Продукција: Театар Комедија – Скопје, Македонија

 

19.07.2018 | Центар за култура Григор Прличев | 21:00 ч.

 

Цена на билет: 400 Денари

„За љубовта на човекомразецот или за омразата на човекољубецот“ 

-Оваа сериозна комедија  е поглед во човековата душа на современиците од периодот кога била пишувана во 17 век, но e и магнетна резонанца на нашето време. 

Патувањето со нас е како гледање во играта на сенката. Ако се вели дека првата линија била линијата на сенката, нашиот мизантроп подвлекува линија и го поставува онтолошкото прашање: кој е побезбедниот пат – дали умерената лага или ноторната вистина? Во кој од овие два избора демне спасот, и постои ли воопшто вистинска вистина? Дали еуфемизмите на современиот ултра хипер орто и онто човек ќе ја сменат линијата на неговата сенка ако наместо слатки лаги почне да (рас)кажува за нештата какви што се навистина. Но внимателно со иднината, сенката на современиот човек кој пат и да го фати, бездруго, ќе допре до портите на пеколот.

Ова е и драматуршка потрага по тоа кој е човекомразецот во пиесата – Алсест или Оронт, или можеби Селимена, Арсиноја…? 

Алсест и Филинт, Арсиноја и Селимена, и сите ликови во оваа трагикомедија се драматуршки биполарни, расцепени помеѓу стравот и страста, разумот и срцето. Понекогаш овие борби и ова биполарно растројство знаат да бидат смешни, забавни. А можеби во тоа се состои и лекот и спасот. Смеата! Макар и горчлива, таа ќе нè спаси. 

Дарко Јан Спасов, драматург

АНА Вукотиќ е родена во 1977 г. во Подгорица. Дипломирала театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Цетиње (2004 г.), во класата на професорите Егон Савин и Радмила Војводиќ.

Добитничка е на бројни награди за режија на локални и на регионални театарски фестивали: за „Дон Жуан“ – Фестивал „Мали сцени“ Риека, специјална награда „Вељко Маричиќ“ за современо читање на драмски класици; 

Претставата „Дон Жуан“ на Југословенскиот театарски фестивал во Ужице (2010 г.)во нејзина режија се закити со наградите Ардалион за најдобра режија, Ардалион за најдобра машка улога на Драган Мичановиќ, Ардалион за најдобра костимографија за Лео Кулаш; 

„Смртни гревови“ на Првиот фестивал на црногорски театар (2007 год.) беше прогласена за најдобра претстава, доби и награди за режија, за целокупен визуелен идентитет, за најдобра машка и за најдобра женска улога; 

„The Beauty Queen“ – Меѓународен фестивал „Славија фест“ 2005 во Белград: „Дон Кихот“ беше прогласена за најдобра претстава. 

За „Смртни гревови“ Вукотиќ ја доби награда на Црногорскиот народен театар за најдобар режисер во сезоната 2006–2007 год. 

Улоги: 

Алсаст: Атанас Атанасовски

Филинт: Александар Михајловски

Орнот: Столе Мицов

Селимена: Мирјана П. Ристов

Елијанта: Магдалена Ризова – Черних

Ариноја: Жаклина Петровска – Милјановска

Акаст: Илија Илиоски

Клитандр: Жарко Димоски

Баск: Виктор Арсов

Ди Боа: Ердоан Максут

 

Не се препорачува за публика помлада од 16 год. !