Д’ Квинс Сикс, aкапела секстет

Д’ Квинс Сикс, aкапела секстет
Виндзор кастл – Велика Британија
Контратенори: Даниел Бритеjн, Тимоти Карлстон
Тенори: Николас Маден, Доминик Бланд
Баритон/Бас: Ендрју Томсон, Сајмон Вајтли 

14.07.2018 | Црква Св.Софија | 21:00 ч.

Цена на билет: 500 Денари 

Членовите на секстетот „The Queen’s Six“ се дел од професионалните пејачи, наречени Lay Clerks на капелата „St. George“, кои живеат и работат во дворецот „Виндзор“ во Велика Британија. За да се биде член на еден ваков колектив потребни се високи музички стандарди, бидејќи тие се оние кои редовно настапуваат за Кралското семејство. Членовите на „The Queen’s Six“ се извонредни музичари кои што често може да ги сретнеме и во други значајни вокални ансамбли од светот, како „The Sixteen“, „The Tallis Scholars“ и „Tenebrae“. Репертоарот кој го изведуваат е прилично разновиден, а тука покрај делата од раната музичка историја спаѓаат и дела од народната музика, како и аранжмани на дела од поп и џез музиката. Досега имаат издадено повеќе компакт дискови, кои се одлично прифатени од слушателите.