Охридско Лето - Свадбата на Фигаро
22 Јули 2011 21:00 ч
Бомарше
„СВАДБАТА НА ФИГАРО“, ПРЕМИЕРА
Режисер: ЛЕВАН ЦУЛАДЗЕ
Сцена : Долни сарај
Цена на карта: 500 Денари
Картите можете да ги набавите на билетарницата на Охридско Лето секој ден од 9:00-12:00 и од 18:00 до 23:00 часот за сите настани на Охридско Лето.
Карти можете да купите и онлајн со следење на линкот во портокаловата рамка која се наоѓа во горниот десен агол.
Дејствието на комедијата „Свадбата на Фигаро“ ги продолжува настаните од комедијата „Севилскиот бербер”. Дејствието се случува во дворецот на грофот Алмавива, недалеку од Севилја, непосредно пред венчавката на Фигаро, планетарно познатиот главен лик, весел, мудар и мошне снаодлив слуга и надзорник во дворецот. Тој е среќно вљубен во Сузана, собарката на грофицата Розина, со која треба да стапи во брак.
Меѓутоа, грофот е заинтересиран за Сузана и постојано ја прогонува. Бидејќи не е ниту шармантен за да може да ја заведе ниту е речит за да ја убеди, тој на Сузана и го испраќа учителот по пијано Базилио кој и раскажува за природата на бракот. Всушност, Базилио го толкува бракот како своевиден парадокс: институција со сериозни должности, но и смешна фасада која ја затскрива најсериозната слабост − дека најсветата од сите должности, брачната верност, најчесто се изигрува.
Пјер-Огистен Карон де Бомарше (Пиерре-Аугустин Царон де Беаумарцхаис, 1732-1799) е француски комедиограф чиј животен пат бил мошне атипичен за векот во кој живеел.
Роден е во Париз, во скромно граѓанско семејство. Во својата дваесет и прва година, во часовничарската работилница на својот татко, успева да конструира нов регулатор за џебни часовници. Благодарение на овој пронајдок, ќе се здобие со титулата „дворски часовничар“, и така ќе успее да влезе во високите општествени кругови и повеќе ништо нема да може да го запре.
Со текот на времето, тој станува еден од највлијателните и најбогатите луѓе во Франција, но и во Европа. Бил миленик на дамите и на дворското друштво, доверлив пријател на многу значајни личности, човек со многу дарби и преокупации, меѓу кои страста кон театарот ќе му го одбележи целиот живот.
Славата ја стекнал со прочуената „Трилогија за Фигаро“ која ги опфаќа комедиите „Севилскиот бербер“ (1775), „Свадбата на Фигаро“ (1778) и „Вториот Тартиф или Виновната мајка“ (1792).
„Севилскиот бербер“ и „Свадбата на Фигаро“ биле користени како либрета според кои Џоакино Росини и Волфганг Амадеус Моцарт ги напишале двете најпознати и најизведувани комични опери.
Леван Цуладзе дипломирал на “Тбилиси “ Државниот театар-отсек режија во класатана професор Михаил Туманисвилис ( Микхаил Туманисхвилис ), во 1982 година. По дипломирањето неговото име се спомнува низ многу театри во Грузија но наскори заедно со колегите го создаваат новиот независен театар, каде останува да работи долго време.
Во 2006 година Леван беше назначен за уметнички директор на Државниот
Драмски театар ( Марјанисхвили Стате Драма Тхеатре), од кога и започнува со креирањето и содавањето на новата продукција и уметничка политика.
Наградуван е со повеќе театарски награди во периодот од 2005 до 2011 година.
УЛОГИ:
Грофот НИНО ЛЕВИ
Грофицата НИКОЛИНА КУЈАЧА
Фигаро САШКО КОЦЕВ
Сузана САШКА ДИМИТРОВСКА
Керубин СЛАВИША КАЈЕВСКИ
Фанчета ДРАГАНА КОСТАДИНОВСКА
Дон Бартоло ТОМЕ ВИТАНОВ
Марчелина МАРИЈА НОВАК