Охридско Лето 2014 отварање

ohridsko leto54-то по ред Охридско лето, во традиционалниот термин 12 јули – 20 август ќе приреди уште едно блескаво издание на Фестивалот со сите нему својствени карактеристики и специфичности што го прават посебен, препознатлив и единствен во нашите простори.
На свеченото отварање на фестивалот, кое ќе се случи на 12 Јули, на сцената на Античкиот театар, со почеток во 21 часот, ќе настапат:
Барбара Фритоли се вбројува меѓу водечките светски сопранa, остварувајќи врвни креации во оперите на Верди, Моцарт, Пучини, Гуно...
Лео Нучи со своето повеќегодишно дејствување на оперските и концертните подиуми оствари извонредна кариера проследена со забележителни настапи и соработка со врвни уметници од современиот свет...
Луис Горелик на многу млада возраст се етаблира како еден од водечките музички дејци во Латинска Америка, а својата диригентска кариера почна да ја гради со оркестрите во Чиле и Израел, а продолжи  на студиите на Музичката академија „Рубин“ во Ерусалим...
Македонската филхармонија е формирана на 24 ноември 1944 година, непосредно по ослободувањето на Скопје. Основачи и први диригенти на оркестарот се истакнатите македонски музички дејци Тодор Скаловски и Трајко Прокопиев...

Билети за отварањето на Охридско лето можете да најдете во музичката продавница Пола Југотон, ГТЦ 1 кат, по цена од 1000 денари.