ОХРИДСКО ЛЕТО 2013

ohridsko leto

Квалитетната, уникатна, атрактивна и возбудливата програма за овогодинешното издание на Охридско Лето. Фестивалот повторно ќе биде домаќин на најголемите, најславните и најуспешните,  најавија селекторите на Охридско лето.  Според првите луѓе на фестивалот ако  по ѕвездите се паметат фестивалските изданија, оваа година се најавува соѕвездие од големи уметнички имиња кои ќе понудат врвни креации и несекојдневни уметнички доживувања за фестивалската публика. 

 

Со голем спектакуларен концерт на оперската ѕвезда Дмитри Хворостовски ќе се отвори 53-то издание на фестивалот. На 12  јули, на Антички љубителите на уметноста ќе имаат ретка прилика да уживаат во, како што вели стручната критика, моќниот глас на уметникот со вродено чувство за музика и природно легато.

Програма:

12 Јули / 21:00 ч / Антички театар / 1000 денари
Свечено отворање:
Дмитриj Хворостовски - баритон (Русија)
Оркестарот и хорот на Македонска опера и балет
диригент: Константин Орбелиан (Русија)

13 Јули / 21:00 ч / Предворје на црква Св.Софија / 300 денари
Театарска претстава - Кога бев мртов, од  Ernst Lubitsch
во режија на Диего де Бреа, Љубљана - Словенија
изведба на Словенско Народно Гледалишче Драма, Љубљана - Словенија

14 Јули / 21:00 ч / Црква Св.Софија / 300 денари
Пијано дуо Корољов (Германија)
Љупка Хаџигеоргиева (Македонија)
Евгени Корољов (Русија)

15 Јули /  21:00 ч / Црква Св.Софија / 300 денари
Сергеј Малов - виолина и violoncello da spalla (Русија)

16 Јули / 21:00 ч / Предворје на црква Св.Софија / 300 денари
Премиера на театарска претстава Мизантроп од Молиер,
во режија на Драгана Милошевска, Скопје, Македонија
во продукција на НУ Турски Театар, Скопје - Македонија

17 Јули / 21:00 ч / Црква Св.Софија / 300 денари
Антонио Менезес - виолончело (Бразил)
Олга Зародоужниоук - пијано (Украина)


18 Јули / 21:00 ч / Црква Св.Софија / 250 денари
Концерт на Македонски Уметници јубилеј: 70 години од раѓањето на Ристо Аврамовски                                          
Весна Гиновска Илкова - сопран
Славица Петровска Галиќ - сопран
Тодор Светиев - пијано
Валери Стефановски - пијано
Татјана Петрушевска Караскаковска -обоа
Васко Караскаковски - фагот
Ване Аревски - флејта
Здравко Ангелов - кларинет
Емин Џијан - хорна
Јасна Аврамовска - пијано 

19 Јули / 21:00 ч / Двор на ОУ Св.Климент Охридски -Охрид / 300 денари
Премиера на театарска претстава, Хамлет во пикантен сос од Алдо Николај
во режија на Александра Кардалевска, Скопје, Македонија
во изведба на НУ Театар Комедија, Скопје - Македонија


20 Јули / 21:00 ч / Црква Св.Софија / 300 денари
Сергеј Бабајан - пијано (Ерменија) 

21 Јули / 21:00 ч / Црква Св.Софија / 300 денари
Гудачки квартет Савинио (Италија)
Константино Катена - пијано (Италија)


21 Јули / 21:00 ч / НУ Центар за култура Григор Прличев - Охрид голема сцена / 250 денари
Театарска претстава Изгубени Германци од Дејан Дуковски
во режија на Слободан Унковски, Скопје - Македонија
во изведба на Македонски народен театар, Скопје - Македонија

22 Јули / 21:00 ч / Црква Св.Софија / 250 денари
Страшо Темков - флејта (Македонија)                                           
Марија Вршкова - пијано (Македонија)


23 Јули / 21:00 ч / Предворје на црква Св.Софија / 400 денари
Француска вечер на Охридско лето
Ричард Галиано - хармоника (Франција)
New Tangaria Quartet (Франција)

24 Јули / 21:00 ч / Двор на ОУ Св.Климент Охридски - Охрид / 300 денари
Театарска претстава Sports Play од Elfride Jelinec
во режија на Vanda Butkovic, London - UK 
во продукција на Just a Must Theatre, London - UK

25 Јули / 21:00 ч / Црква Св.Софија / 300 денари
Доменико Дел Гуидиче - гитара (Италија)
Џани Лорио - банденеон (Италија)

26 Јули / 21:00 ч / Предворје на црква Св.Софија / 300 денари
Кинески Оркестар на Централниот Музички Конзерваториум                                  
диригент: Wang Fujian
солист: Yu Hongmei, Yuan Feifan, Zhan Qiang, Zhao Jiazhen

28 Јули / 21:00 ч / Црква Св.Софија / 250 денари
Mарија Ѓошевска - пијано (Македонија)

29 Јули / 21:00 ч / НУ Центар за култура Григор Прличев - Охрид мала сцена / 250 денари
Театарска претстава Хамлет машина од Хајнер Милер
во режија на Андраш Урбан, Сенит, Суботица , Србија
во изведба на НУ Народен Театар - Битола, Македонија

30 Јули / 21:00 ч / Предворје на црква Св.Софија / 300 денари
Премиера на театарска претстава  Кавкаски круг со креда од Бертолд Брехт
во режија на Златко Славенски, Скопје - Македонија
во изведба на НУ Драмски Театар, Скопје - Македонија


31 Јули / 21:00 ч / Црква Св.Софија / 300 денари
Џафер Џафери - виолина (Македонија)
Николас Алтстаедт - виолончело (Германија)
Хозе Галардо - пијано (Аргентина)


1 Август / 21:00 ч / Црква Св.Софија / 250 денари
50 години Музичка Младина на Македонија                                                                                                  
Јубилеен концерт на Камерниот оркестар на Музичка Младина на Македонија
диригент: Саша Николовски Ѓумар (Македонија)
солист: Катерина Баческа - флејта (Македонија)

3 Август / 21:00 ч / Предворје на црква Св.Софија / 400 денари
Полска вечер на Охридско лето 
Македонска филхармонија                                                                      
солисти (Полска):
Александра Лелек - виолончело
Бартос Козаик - виолончело
Рафал Квиатковски - виолончело
Диригент: Кшиштоф Пендерецки (Полска)

4 Август / 21:00 ч / Антички театар / 600, 700, 800 денари
Роби Лакатош ансамбл (Унгарија)


6 Август / 21:00 ч / Црква Св.Софија / 300 денари
Маурицио Морети - пијано (Италија)

7 Август / 21:00 ч / НУ Центар за култура Григор Прличев - Охрид  мала сцена / 300 денари
Премиера на театарска претстава Сон на летната ноќ од Вилијам Шекспир
во режија на Иван Лео Лемо, Сплит - Хрватска
во изведба на НУ Центар за култура Григор Прличев - Национален театар, Охрид


8 Август / 21:00 ч / Црква Св.Софија / 250 денари
Хор Драган Шуплевски (Македонија)
диригент: Сашо Татарчевски (Македонија)

9 Август / 21:00 ч / Црква Св.Софија / 300 денари
Вечер на Европска Унија
на фестивалот Охридско Лето
Baltic Guitar Quartet (Литванија) 

10 Август / 21:00 ч / Црква Св.Софија / 300 денари
Камерен оркестар Ермитаж (Русија)
солисти:
Александар Гиндин - пијано
Илја Норштејн - виолина
Андреј Бурков - виола
Ана Устјужанина - виолончело

11 Август / 21:00 ч / Црква Св.Софија / 300 денари
Рудин Ленго - пијано (Албанија - Канада)

12 Август / 21:00 ч / Црква Св.Софија / 300 денари
Андреј Гридчук - виола (Русија)
Наталија Рубинштејн - пијано (Русија)


13 Август / 21:00 ч / Црква Св.Софија / 300 денари
Брамс трио (Русија)
Николај Саченко - виолина
Кирил Родин - виолончело
Наталија Рубинштејн - пијано                   
Гостин: Андреј Гридчук - виола

14 Август / 21:00 ч / НУ Центар за култура Григор Прличев - Охрид голема сцена / 300 денари
Праизведба на театарска претстава Живот под кирија од Рефет Абази
во режија на Лука Кортина, Фиренца - Италија
во изведба на НУ Албански Народен Театар, Скопје - Македонија

15 Август / 21:00 ч / Црква Св.Софија / 300 денари
Дуо пијано (Франција):
Фредерик Шовел
Марк Соле - Лери 


16 Август / 21:00 ч / Предворје на Црква Св.Софија / 300 денари
ZZ Quartet:
Симон Занчини - хармоника (Италија)
Ратко Зјача - гитара (Хрватска)
Адам Нусбаум - тапани (САД)
Мартин Ѓаконовски - контрабас (Македонија)

17 Август / 21:00 ч / Црква Св.Софија / 300 денари
Андреј Баранов - виолина (Русија)
Марија Баранова - пијано (Русија)


18 Август / 21:00 ч / Црква Св.Софија / 300 денари
Пијанисти Лауреати на меѓународни натпревари во 2012
Арсени Тарасевич - Николаев (Русија)
V Интернационален Скрјабин Пијано Натпревар (Москва, 2012)
Варвара Непомнјашчаја (Русија)
XII Конкурс Геза Анда (Цирих, 2012)

19 Август / 21:00 ч / Црква Св.Софија / 400 денари
Немања Радуловиќ - виолина (Србија)
Сузан Маноф - пијано (САД)

20 Август / 21:00 ч / НУ Центар за култура Григор Прличев - Охрид голема сцена / 400 денари
Затворање на фестивалот Охридско лето 2013
Градски Театар, Марин Држиќ,  Дубровник - Хрватска
Театарска претстава Браќа Карамазови од  Достоевски
во режија на Дејан Пројковски,  Македонија. 

Фестивалот Охридско Лето, од оваа година воведе новитет, а истиот се однесува на општиот билет кој важи за сите настани наведени во програмата кои не се одржуваат во Антички театар, а се по цена од 250, 300 или 400 денари .

ГОРЕНАВЕДЕНИТЕ ЛИНКОВИ ЗА КУПУВАЊЕ БИЛЕТИ ВАЖАТ САМО ЗА ОПШТИОТ БИЛЕТ НА ФЕСТИВАЛОТ.

Купените ваучери ќе можете да ги замените само за општ фестивалски билет!!!