Охридски Трубадури

За крај на летото - Музички спектакл на годината во Охрид На Интернационалниот музички фестивал, Охрид Фест – Охридски трубадури, кој ќе се одржи од 22 до 25 август, ќе учествуваат преку 90 пејачи. Покрај македонските фолк и поп интерпретатори, на фестивалот ќе настапат и познати пејачки имиња од балканските земји, а свои шоу програми ќе имаат Бобан Рајовиќ, Маја Оџаклиевска и светски познатата група Бони Ем.

Не пропуштајте ја можноста за убав одмор и дабра забава на фестивалот, Охрид фест -Охридски трубадури, кој годинава ќе се одржи на летната сцена Долни Сарај во Охрид и тоа:

Чунга лунга - 22 август, 19.00 часот

Фолк вечер - 23 август, 20.00 часот

Поп вечер - 24 август, 20.00 часот

Интернационална вечер, - 25 август 20.00 часот

Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по следниве цени:

Чунга лунга - 22 август (понеделник) .................50,оо денари

Фолк вечер - 23 август (вторник).......................150,оо денари

Поп вечер - 24 август (среда).............................200,оо денари

Интернационална вечер - 25 август (четврток).................300,оо денари

ФОЛК ВЕЧЕР - 23 август  (вторник)

rajovicНа годинешната Фолк вечер  ќе настапат  звездите на македонската естрада, Благица Павловска, Горан Кукиќ, Ленче Дедејска,  Барбара Јаковлевска, Драган Драгаш, Скопски Боеми, Соната, Маестро, Петар Нечовски, Милован Секуловски, Мирко Вретовски, Лина Жаклина, Иван Радевски, Руса Андова, Александар Цветковски, Фазли Луик, Ибуш Ибраимовски, Даниел Тодев, Дуле Зрновски..... а свое шоу ќе има Бобан Рајовиќ и подарок ЦД за гледачите.

Бобан Рајовиќ ќе изведе дел од своите многубројни хитови, како што се  песните "Провокација", "Падобран", "Кишa лијe”, ”Нико није као ја “, ”Бараба”,  или “ Усне боје вина“.

Бобан Рајовиќ  е роден  1971 година во Копенхаген. Како дете, многу ги сакал музиката и фудбалот. Во осмата година од својот живот со своето семејство се преселува во Беране, потоа живеел  во Подгорица, а на шеснаесет годинишна возраст со семејството се враќа во родниот град. Потоа заминува од Копенхаген, каде работел се и сешто од работник во фабрика дo такси возач.

blagica pavlovskaВо 2000 година, кога се преселува во Белград, се свртува кон музиката и го снима свјот прв албум едноставно наречен "Бобан” 

Вториот албум "Пукло срце" се појавува  во 2003 годин, а вистинскиот бум во својата кариера тој го прави во 2006 година со третиот албум "Провокација". Потоа следуваат албумите “Усне боје вина“ (2007), “Косачи“ (2008), ”Најбоље до сада“ (2009), “Мјењам“ (2010), “Војник заблуда“ (2013)

ПОП ВЕЧЕР  – 24 август   (среда)

odzaklievaНа  Поп вечерата  со свои нови песни ќе се претстават  Наде Талевска, Наташа Малинкова, Пепа, Зоран Илиев, Мартинијан Кириловски, Џокси, Ѓоко Ѓорчев, Лена, Александра Јанева, Ѓоко Таневски, дуото Моротови ....... а своја шоу програма ќе има Маја Оџаклиевска во која ќе слушнеме дел од нејзините многубројни хитови - *Многу солзи“,  „Шила“, „Лиду лидуду“, „Не допирај ме“, „Биди добар како што сум јас“, или „Среќо кажи“.

 

ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ВЕЧЕР - 25 август  (четврток)

bony m

Во Интернационалната програма покрај македонските пејачи со наградените песни од Поп вечерта ќе настапат и  познати балкански пејачи како што се Хелена Благне, Анабела, Игор Цукров, Срѓан  Марјановиќ. Групата Highway која ја преставуваше Црна Гора на изборот за Песна на Евровизија.

Додека жиријата одлучуваат за наградите, гледачите на  летната сцена  Долни Сарај ќе ги забавуваат звездите на фестивалот  групата - БОНИ  ЕМ.

Не пропуштајте ја  големата шанса – дојдете да уживате во убавините на Охридскот езеро и да се забавувате со   хитовите на германската дискогрупа “BONEY  M” која  најголемите светски успеси ги имаше кон крајот на седумдесеттите и на почетокот од осумдесеттите години. Составот го формираше Френк Фаријан во 1975 година. Тој сам ги пееше сите гласови, а подоцна "Бони ем" доби четворица постојани членови: Боби Фарел, Лиз Мичел која е членка на актуелната постава на групата, Маизи Вилијамс и Марсија Барет, сите со потекло од Карибите. BONEY M,  најголемата славa  ја постигнаа со песните “ Daddy Cool”, “Sunny”, “Ma Baker”, “Belfast”, ” Rivers of Babylon”, “Brown Girl in the Ring”, “Rasputin”..