OHRID FOREVER FESTIVAL

 

Охрид заслужува вистински квалитетен фестивал, Охрид го заслужува OHRID FOREVER FESTIVAL!!!


Ова лето, на најголемиот македонски празник ден Илинден се раѓа OHRID FOREVER FESTIVAL, фестивал кој ќе трае... ЗАСЕКОГАШ!!!

Уште со самото прво издание OHRID FOREVER FESTIVAL ќе се етаблира како сериозен настан со амбиција да прерасне во традиција, па така се потрудивме да понудиме навистина импресивна и ексклузивна програма која неможе да не ги задоволи вкусовите дури и на најпребирливите:

Ни причинува особено задоволство да го најавиме гостувањето на еден од најголемите дј-и на сите времиња  ROGER SANCHEZ како една од ѕвездите на вечерта и носечки артисти на фестивалот и  гостувањето на бендот кој во 2021 и 2022 година ги има планетарно најголемите хитови и бенд кој во моментов е најбараниот електронски состав во светот, австралиското дуо SHOUSE.

Нивната планетарна популарност се должи на двата огромни хитови:

Won`t forget you (дефинитивно најголем хит за 2022 година)
https://www.youtube.com/watch?v=VuEIGBLtxzM

Love tonight (најголем хит за 2021 година)
https://www.youtube.com/watch?v=awT8XJTMZdQ

Кога ќе се земе во предвид програмата, локацијата и денот кога се одржува настанот сигурни сме дека истиот ќе биде централен настан за ова лето во Македонија.

Вторник 2 август 2022 година
Локација: Стадион „Билјанини извори“ Охрид
Старт: 19:00 часот

Влезниците се веќе во продажба во ЈУГОТОН и сите продажни места на КУПИ КАРТИ ЗА СЕ продажната мрежа по промотивни почетни цени, и тоа:
ПАРТЕР 800 денари
ФАН ПИТ 1 000 денари

Можност за резервација ВИП пакет, со 4 вип карти, висока маса и пијалок по избор!!!
Информации и резервации 077 532 999!