Охрид Фест

Веќе 23 години, македонскиот Сан Ремо на брегот на охридското езеро, Охрид Фест претставува синоним за македонската музика. И додека летото се полека ги собира крилата со последниот летен бран, од Долни Сарај се праќа поздрав "Тишина! Музиката зборува...". Оваа година од 23ти до 26ти август ќе имате можност да уживате со звуците од музиката на познати имиња од македонската естрада и од регионот. Како специјални гости оваа година на фестивалот ќе настапат Трајче Георгиев, Јордан Митев, Неда Украден и групата Нови Фосили. Не дозволувајте да ви раскажуваат и бидте дел од 23тото издание на интернационалниот музички фестивал Охрид фест, охридски трубадури.
Официјалната програма на фестивалот следува во прилог:

ohridski trubaduri