ОБУКА ЗА МЛАДИ МЕНАЏЕРИ

ОБУКА ЗА МЛАДИ МЕНАЏЕРИ!!!
Пријави се и биди дел од најдобрите !

8-ми декември 2018 (сабота)
Хотел Парк Спа
(http://parkhotel.mk/)

Цената на обуката изнесува 6000мкд со вклучен оброк

Бесплатен сертификат за учество на обуката!

Теми: Мотивација, Решавање на проблеми и одлучување, Вештини на преговарање, Комуникациски вештини, Подготовка на бизнис план, Управување со времето и Управување со проекти.

Обучувач: Елена Гагачева, лиценциран тренер за деловни вештини

По купувањето на ваучерот за учевство на обуката задолшително пријавете се на емаил: apm.mkd2017@gmail.com или на телефон 070 472 562, со тоа што ќе ги оставите вашите контакт информации, име и презиме и телефонски број.

Опис :

Биди дел од групата обучени млади менаџери со цел да научиш да бидеш вреден, организиран, креативен, продуктивен, темелен, одлучен и информиран.

Креиравме специјална наменета обука за тебе со цел да стекнеш навики за добра организација, одлучност и квалитетно управување со ситуациите кои те очекуваат во животот.

Обуката е составена од следните теми : Мотивација, Решавање на проблеми и одлучување, Вештини на преговарање, Комуникациски вештини, Подготовка на бизнис план, Управување со времето и  Управување со проекти.

Со посетување на обуката ќе се стекнеш со вештини и техники :

-  да поставиш јасни цели; да извршиш анализа и да утврдиш задоволство од учењето и работата; да си поставиш системи за мотивирање;

- да анализираш ситуација во која ќе идентификуваш и ќе ги дефинираш проблемите; да употребиш модел и алатки за анализа и решавање на проблеми; да употребиш алатки за донесување одлуки; да направиш план; да спроведеш одлука

- да употребиш техники и алатки при преговарање; да ги идентификуваш и да ги дефинираш фазите на преговарање; самостојно да се подготвиш и да извршиш истражување пред претстојно преговарање; да употребиш различни стилови на преговарање; да употребиш стратегии за успешно преговарање; да поставиш правила кои водат до ефективни преговори; да употребиш поинакви пристапи при преговарање; да создадеш ситуација во која секоја страна е добитник

- да употребуваш техники и алатки со кои ќе ги надминеш полињата на недоразбирање – бариерите при комуникацијата; да употребуваш техники на слушање и поставување прашања; да применуваш начини на кажување НЕ

-   да можеш да креираш бизнис план во согласност со својата бизнис-идеја, како и да се стекнеш со вештини за претприемништво.

-   да поставуваш цели и приоритети; да се справиш со прекини и одолговлекувања; да го планираш и да го организираш времето; да употребуваш алатки и техники за ефективно управување со времето

- самостојно да дефинираш фази на проект; да дефинираш цели, како и резултати и активности на проектот; да извршиш алокација и да управуваш со проектни ресурси (време, буџет, квалитет); да подготвиш и да управуваш со проектен буџет; да утврдиш и да управуваш со критична патека; да вршиш мониторинг и евалуација на проект; да подготвуваш извештаи за проекти; да затвориш проект;

АГЕНДА „ОБУКА ЗА МЛАДИ МЕНАЏЕРИ“

08.30-09.00 Регистрација на учесници

09.00-10.30 Поставување цели; управување со време; мотивација

10.30 - 10.45 Кафе пауза

10.45 – 13.00 Комуникациски вештини и вештини на преговарање

13.00 – 13.45 Оброк со кафе пауза

13.45-15.30 Проект (елементи)

15.30 - 15.45 Кафе пауза

15.45 – 17.30 Бизнис план (елементи)