Втора претстава - Обична вечер со Милан Лане Гутовиќ
Обична вечер урнебесна комедија со генијалниот Милан Лане Гутовиќ!
Втора претстава "Обична вечер" со Милан Лане Гутовиќ поради огромниот интерес и распродадената прва претстава, ќе има и втора претстава на 16.04.2016 во 19 часот. Бројот на карти е ограничен поради спонзорите!
Урнебесна комедија со генијалниот Милан Лане Гутовиќ!
Вонвременскиот "Среќко Шоиќ" конечно во Скопје, со претставата со која го има обиколено цел свет! Милан Лане Гутовиќ е претставник на златната генерација актери од бившојугословенските простори кој со своите улоги во "Тесна кожа" и "Бела Лаѓа" е најголемиот жив комичар во моментов!
Скопјани имаат неверојатна шанса да го видат во живо на само три метри од себе, носителот на најсмешниот лик прогласен по сите релевантни гласања и анкети.
Обична вечер е урнебесна комедија напишана и режирана од самиот Милан Лане Гутовиќ, што е причина повеќе да не го пропуштите овој единствен настан!
Картите се по цена од 400 денари и истите можете да ги купите преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.
Да не бидете после изненаѓени и увреѓени дека нема карти! Ќути ќирко!